Партизан „фрли око“ на Дарко Ѓукиќ, но тој не „мрда“ од Охрид!

Српскиот првак Партизан гради сериозен тим не само за наредната сезона, туку на долг рок на чело со Раул Гонзалез.

„Црно-белите“ според тамошните медиуми го посакуваат и десното крило на Охрид, Дарко Ѓукиќ, кој игра одлична сезона во македонското првенство.

Ѓукиќ има активен договор со „гладијаторите“ и за наредната сезона и нема сомнеж дека ќе го продолжи својот престој покрај езерото.

Српскиот репрезентативец по една сезона во романскиот шампион Динамо Букурешт, се врати назад лани летото во Македонија и го облече дресот на Охрид, кој го носи со голем успех.