Женската репрезентација на Шпанија загуби третпат на Олимписките игри во Париз, овојпат од Холандија со 29-24 и испадна од трката по место во четвртфиналето.
Шпанките отворија добро и поведоа со 4-1, потоа уште некое време одржуваа рамнотежа и тоа беше се од избраничките Амброш Мартин.
По нивното водство со 10-9, Холандија со серија од пет гола ја презема контролата и поведе со 14-10.
Во второто полувреме комплетно ја надигра Шпанија и се одлепи на плус девет, 23-14, па немаше дилеми која селекција ќе ги освои бодовите.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Ван Ветеринг со пет и Абинг со четири гола, додека кај Шпанија, Аркос имаше шест реализации.
Шпанија со три порази практично е елиминирана од битката за ТОП 8, додека Холандија сигурно чекори кон следната фаза.