Можеби најдобриот десен бек во моментов, Дика Мем, ќе го пропушти настапот на Светското првенство 2025 поради повреда на рамото.
Тој се повреди на натпреварот против Адемар Леон од Асобал лигата и за да се решат проблемите, решено е да се прави оперативен зафат.
Според прогнозите, членот на Барселона ќе отсуствува најмалку три месеци, па така Франција ќе биде осетно ослабена на Мундијалот во јануари.
Како што е познато, француската репрезентација остана без Вијмино, Пранди и Мае, сите тројца ќе отсуствуваат поради повреда, а репрезентативните кариери ги завршија Порт и Н’гесан.
Франција е една од репрезентациите што може да биде ривал на Македонија во главната рунда на Мундијалот, ако нашата селекција обезбеди пласман таму.
Ракометарите на Франција за ривали во групната фаза од Светското првенство ги имаат репрезентациите на Австрија, Катар и Кувајт.