Отпадна од комбинација за ОИ, но ќе игра на младинското ЕП

Шпанската ракометна федерација објави дека големиот талент на шпанскиот ракомет и член на Барселона, Петар Цикуша, нема да игра на Олимписките игри.

Десниот бек Петар, кој мина дел од подготовките со сениорите за ОИ, ќе му се придружи на неговиот брат Ѓорѓе, кој беше дел од стартот на подготовките на младинците за ЕП.

Двајцата браќа кои имаат српско и хрватско потекло веќе дебитираа за сениорската селекција на Шпанија, но се уште имаат право да играат во младинските категории.

Па така Рибера реши да го ослободи Петар од обврските со сениорите и тој ќе игра на младинското ЕП во Словенија.

Петар ќе остане да игра во новата сезона во Барселона, додека Ѓорѓе би требало да замине на позајмица во францускиот Монпелје.