Filip GLAVAŠ, Goran PERKOVAC (coach) and Igor KARAČIĆ, France vs Croatia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 18.01.2024, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

„Останувам селектор – ме критикуваат полуписмени…“

Репрезентацијата на Хрватска со победа го заврши настапот на Европското првенство 2024, откако во последното коло од групната фаза славеше над домаќинот Германија со шест гола разлика, 30:24.

По победата над домашната репрезентација, селекторот на Хрватска, Горан Перковац, ги сподели своите импресии и им испрати јасна порака до сите критичари.

Судејќи по неговата изјава, може да се заклучи дека хрватската ракометна куќа нема намера да прави промени во стручниот штаб на „коцкестите“.

,,Мислам дека имам поддршка од сите. Добивам стотици пораки од луѓе од мојата татковина кои сакаат да останам и дефинитивно ќе останам селектор. Искрено, воопшто не ги читам вестите, ниту пак ми е грижа што се пишува. Ме критикуваат полуписмени луѓе кои немаат врска со ракометот”, изјави Перковац.

Актуелниот селектор на Хрватска го смета како успех освоено 11 место на континенталниот собир.

,,На репрезентацијата за настапот и давам извонредна оценка. За Унгарија и Исланд, се разбира, пониска оценка, тоа нѐ чинеше полуфинале, но Франција, Шпанија, Германија, тоа беа натпревари за одлична оценка”, вели Перковац.

Хрватска во групната фаза славеше над Шпанија и Романија, додека во дуелот со Австрија одигра нерешено, додека во главната фаза загуби од Франција, Унгарија и Исланд.