Thomas HOUTEPEN, Denmark vs Netherlands, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 17.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Олсон во големи проблеми, остана без уште еден играч на ЕП!

Репрезентацијата на Холандија, која остана без шанси за полуфинале на Европското првенство, настапот на континенталниот собир ќе го продолжи без Томас Хаутепен.

Средниот бек, кој беше еден од дебитантите во дресот на „лалињата“, во дуелот со Данска заработи повреда на левото колено.

После лекарските прегледи било утврдено дека 21-годишниот играч на Лемго ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, а тоа значи дека нема да ја доигра тековната сезона.

За потсетување, слична повреда пред неколку дена заработи и еден од најдобрите поединци во репрезентацијата на Холандија, Самир Бенганем.

Избраниците на Стефан Олсон во второто коло од групната фаза ќе се соочат со Норвешка, потоа следуваат дуелите со Словенија и Португалија.