Пред почетокот на средбата меѓу Охрид и Вардар во 8. коло ракометарите на домашниот тим „шпалир“ пред почетокот на мечот им ја честитаа освоената титула на скопјани, кои сезонава доминираат бидејќи го освоија и Купот на Македонија.
На три кола до крај на регуларниот дел Вардар има недостижна предност и веќе се шампиони. Охрид се бори за второто место, но без оглед на исходот од овој меч тие ќе мораат во следното коло да играат со Еурофарм Пелистер и тој меч ќе решава директно за вицешампионот.
Досега од 2016 година Вардар и Охрид одиграле 28 натпревари и секогаш победувале „црвено-црните“. Сезонава трипати триумфираа вардарци.
View this post on Instagram

























