Од 8 октомври ќе стартува продажбата на билетите за првиот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу Охрид и романската Потаиса Турда.
Од охридскиот клуб објавија дека цената на сите билети за сите блокови во салата е 250 денари.
Популарната цена треба да биде голем мотив за охриѓани и сите останати љубители на ракометот да го проследат овој натпревар и да направат одлична атмосфера.
Натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда е закажан за 19 октомври во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот. Реваншот ќе се игра во Романија на 26 октомври со почеток во 17:00 часот.
Охриѓани се враќаат на европска сцена по пауза од седум сезони, а тогаш го минаа првото коло и холандскиот Волендам, а беа елиминирани од Порто во следната рунда.