Охрид подготовките за плеј-офот ги продолжува во Грција

Екипата на Охрид по одработувањето на првата фаза, подготовките за вториот дел од сезоната ќе ги продолжи во соседна Грција.

Охриѓани во Грција ќе одиграат три контролни средби со екипите на Олимпијакос, АЕК Атина и Дукас.

Стевче Алушовски за планираните пријателски дуели ќе го има на располагање целиот состав.

На екипата ќе и се приклучат и интернационалците Хироки Мацуока кој настапи за Јапонија на Азиските игри и Грузиецот Тејмураз Орјоникидѕе кој го носеше дресот на Грузија на Европското првенство во Германија.

Ракометарите на Охрид последната фаза од подготовките за настапот во плеј-оф фазата ќе ја одработат во Србија.

Таму од 24 до 27 јануари ќе бидат одиграни натпревари против Металопластика Шабац, Динамо Панчево, против Црвена Звезда и Дубочица Лесковац.

Потоа експедицијата на Охрид се враќа во Македонија, каде ќе продолжат тренинзите пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Oхриѓани имаа одличен финиш на регуларниот дел од сезоната и пренесоа два бода во суперлигашкиот плеј-оф, кој го стартуваат на гостински терен кај Бутел Скопје.