ОХРИД 2025: „Гладијаторите“ на победничкиот пиедестал на „Крсте Андоновски“

Ракометарите на  Охрид се освојувачи на трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето триумфираа против Еурофарм Пелистер со 31-26. Ова е прв трофеј за Охрид на домашниот турнир во неговото четврто издание, а втор трофеј во серија по оној минатата недела на Струшкиот турнир. Најавија „гладијаторите“ дека ќе бидат важен фактор сезонава во првенството на Македонија, и ќе атакуваат на врвот.

Во составот на шампионот не беа капитенот Филип Кузмановски, како и голманите Никола Митревски и Сеид Хеидарирад, додека кај охриѓани отсуствуваа Предраг Вејин и младиот Илија Трајчески.

Битолчани отворија со головите на Манасков и поведоа со 2-0, а потоа следуваше серија од пет неодговорени погодоци на мотивираните домаќини, кои направија комплетен пресврт и поведоа со 5-2.

Стратегот на пелистерци Рубен Гарабаја, па неговите момци ја консолидираа одбраната и полека ја топеа негативата, а во тоа своја улога имаше и голманот Брестовац кој запре неколку удари, па Еурофарм Пелистер направи пресврт, 10-9.

Охрид – Еурофарм Пелистер

Но и Борис Ројевиќ ги советуваше своите избраници, па Охрид повторно влезе во серија и на паузата замина со плус два, 12-10. На стартот на вториот дел домашните водеа и со плус три, а голманот Блажески ги одржуваше неговите соиграчи на таа позитива. Кога остануваа уште петнаесетина минути од мечот, Савревски погоди за 21-17, дотогаш највисока разлика и го вклучи алармот кај битолчани, па Гарабаја мораше да бара тајм-аут.

Ништо особено не се промени, Охрид уште повеќе ја зголемуваше предноста и стигна до 23-18, па шпанскиот стратег уште еднаш побара тајм-аут. Сега битолчани врзаа погодоци во серија за 24-22 и почнаа да играат агресивна одбрана преку целиот терен.

Во последните пет минути домашните влего со предност од три гола, но имаа и играч помалку. Откако Жарко Пешевски загуби една топка во напад, „гладијаторите“ добија шанса и ја искористија па повторно поведоа со „плус 4“, водство 27-24. Но, на голот беше Бојан Блажевски кој во кунг фу стил бранеше се. Публиката повторно „збесна“ и со навивање ги бореше своите миленици. Кога пивотменот Лиапис го постигна 29 гола за Охрид, во 59 минута почна и еуфоријата на трибините. Немаше веќе време за пресврт, особено откако Блажески пак одбрани, а Ѓукиќ во следниот напад зголеми на 30-26.

Во битката за третото место Нексе Нашице славеше против Вардар со 28-26, петти е Партизан по триумфот над Тримо Требње со 33-30, а на седмото место е Динамо Панчево кој го победи Киндил со 28-24.