Од Битола во Солун: „Фараонот“ Мамду ќе игра за ПАОК

Поранешниот играч на Еурофарм Пелистер, Мохамед Шебиб Мамду, во оваа сезона ќе игра во соседството.

Египетскиот кружен напаѓач стана ракометар на грчкиот тим ПАОК Солун, каде игра македонскиот интернационалец Eвгениј Темелкоски.

Мамду, кој е поранешен играч на францускиот Монпелје и романскиот Динамо Букурешт, минатата сезона освои титула во Македонија со битолчани.

ПАОК, кој неколку сезони е во сенка на АЕК Атина и Олимпијакос, со Мамду покажува амбиции да им ги замрси сметките на фаворитите.