За време на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, ЕХФ ги објави и лауреатите за сезоната 2024/25.
МВП кај мажите повеќе од заслуежно е Матијас Гидсел, кој стигна до финалето на ЛШ со екипата на Фуксе Берлин и стана најдобар стрелец во елитната конкуренција.
Кај жените, немаше многу дилеми и за МВП беше избрана Хени Реистад од данскиот Есбјерг, со кој играше на Ф4 во ЛШ и исто како и Гидсел беше најдобар стрелец.
Во изборот на најдобри млади ракометар и ракометарка победија Јан Баруфет од Мелсунген и Миа Еменегер од Есбјерг.