Нова трансфер бомба покрај езерото – Кристијан Пилиповиќ потпиша за Охрид!

Доскорешниот голман на Кадетен Шафхаузен, Кристијан Пилиповиќ е најновото засилување за амбициозниот Охрид.

Поранешниот австриски и хрватски репрезентативец доаѓа покрај езерото и сега охриѓани имаат квартет голмани со Блажески, Чаневски и Ѓорѓески.

Пилиповиќ настапуваше за Австрија до 2019 година, а потоа се реши за промена на националниот тим и бранеше за Хрватска на ЕП 2022 година.

Пред настапите за Кадетен Шафхаузен, Пилиповиќ кратко беше дел од Висла Плоцк и од Нексе Нашице, а кариерата ја почна во Фиверс Маргаретен.