Domagoj DUVNJAK, Croatia vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 14.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Нов удар за Хрватска: Дувњак неизвесен за дуелот со Франција

Репрезентацијата на Хрватска утре со дуел против „триколорите“ ќе ја стартува борбата за полуфинале.

Како што истакнуваат од ракометниот сојуз на Хрватска, неизвесен за настап на утрешниот дуел е искусниот Домагој Дувњак.

Средниот бек поради температура го пропуштил денешниот тренинг во „Ланксес арената“ во Келн.

Исто така, температура имал и еден од помошниците на Горан Перковац, Борис Дворшек.

Како што е познато, поради повреда заврши настапот на еден од најдобрите поединци во репрезентацијата на Хрватска, десниот бек Иван Мартиновиќ.

Хрватска на утрешниот дуел мора да победи за да остане во игра за полуфинале, бидејќи главната фаза ќе ја стартува само со бод.

ШОК за Хрватска: Иван Мартиновиќ го заврши настапот на ЕП!