Нов шок за Парондо – остана без уште еден ракометар до крајот на сезоната!

Бундеслигашкото дерби во последното коло од главната фаза на Лигата на Европа меѓу Кил и Мелсунген беше обележано со тешка повреда на Арон Менсинг.

Данецот се повреди на почетокот на второто полувреме, откако ненадејно се лизна за време на нападот и мораше да биде изнесен од теренот со помош на соиграчите.

Лекарските прегледи потврдиле дека станува збор за скината Ахилова тетива, па 27-годишниот лев бек ќе мора да паузира подолг временски период.

За Данецот сезоната е веќе завршена, а отсуството на Менсинг ќе биде голем удар за лидерот во Бундес лигата.

Како што е познато, во тимот на Роберто Гарсија Парондо повредени се уште: Давид Мандиќ, Елвар Јонсон, Арнар Арнарсон…

Екипата на Кил славеше во дербито, триумфирајќи со убедливи 11 гола разлика, 35:24.