Норвежанките со најсилен ростер на ОИ – ќе играат Лунде, Реистад, Офтедал, сестрите Солберг…

Селекторот на женската репрезентација на Норвешка, Торир Хергеирсон, го објави скратениот список пред Олимписките игри.

Тој ќе има на располагање 14 ракометарки меѓу кои ќе бидат искусните голманки Лунде и Солберг, како и крилата Херем, Солберг и Јакобсен.

На линијата од шест метри се Ардал, Дале Братсет и Ингстад, додека на бековската линијата Хергеирсон ќе ја има на располагање и МВП од Лигата на шампионите, Стине Офтедал.

Тука се и Хени Реистад, Нора Мерк, Вероника Кристијансен, Кристине Бристол и Стине Скогранд.

Норвежанките ќе играат против Словенија, Германија, Шведска, Данска и Кореја во групната фаза на ОИ.