Ниту Д од дерби: Пелистерци ги торпедираа „сино-белите“!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа доминантно во дерби дуелот против „сино-белите“ од Автокоманда триумфирајќи со 33:20.

Со оваа победа, пелистерци го презедоа лидерското место на табелата. На денешното дерби домаќините доминираа од првата, па до последната секунда, едноставно сѐ им одеше од рака, а брзата транзиција која беше главна одлика на тимот од Автокоманда, денеска целосно беше невидлива.

Доколку до крајот од регуларниот дел Еурофарм Пелистер, Вардар и Алкалоид триумфираат на преостанатите натпревари, тогаш пелистерци во плеј-офот ќе пренесат три бода, додека неговите два најголеми конкуренти по два

Домаќините со голот на капитенот Кузмановски го отворија натпреварот, а по пет минути игра  стигнаа до 2:0. Гостите од Автокоманда првиот гол го реализираа по шест минути игра преку кружниот напаѓач Марко Стојковиќ, кој намали на 2:1, но само по неколку секунди Кузмановски со третиот гол, втор од пенал, зголеми на 3:1, потоа Радивојевиќ од контра реализираше за плус три, 4:1.

Избраниците на Лазаров беа целосно демотивирани во првите десет минути, во кои примија пет, а постигнаа само еден гол. Кризата на гостите ја прекина Серафимов со гол од пенал, потоа пелистерци предводени од Кузмановски, кој освен што погодуваше и асистираше, дојде до солидни плус пет во 15 минута, 8:3. Техничките грешки, како и слабата одбрана, која дозволуваше лесен пробив на противничките ракометари, беа причина за оваа негатива на гостинскиот тим.

Следуваше период во кој гостинот ја стабилизира играта и по предноста на Еурофарм Пелистер од 11:6, постигна два гола во низа за минус три, 11:8. Избраниците на Алонсо до крајот на првиот дел не дозволија ривалот да има било какви шанси за кам-бек, лесно ги добиваа дуелите ,,еден на еден” и на пауза заминаа со предност од 16:11.

Пелистерци како што го започнаа првото, го отворија и второто полувреме, бргу дојдоа до 18:11 и тука беше јасно дека гостинскиот тим ќе мора да даде повеќе од потребното, со цел да не загуби со поголема разлика од седум. Сепак, немаше напаѓачки капацитет, ниту идеја како да ги реализира акциите, па актуелниот шампион во 35 минута поведе со 21:13, а по седум минути подоцна дојде и до 25:14. Предноста од 11 гола беше најава дека домаќините ќе одат на уште поубедлива победа.

Најефикасен во победничкиот табор беше Филип Кузмановски со 11 погодоци, осум додаде Богдан Радивојевиќ. Кај поразената екипа се истакна Мартин Серафимов со осум погодоци.

Еурофарм Пелистер ќе има малку време за одмор, бидејќи на 27 февруари во Германија ќе игра против Фуксе Берлин.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР19170234
2ВАРДАР 196119170234
3АЛКАЛОИД19170234
4ОХРИД19132428
5ТИКВЕШ 201419102722
6БУТЕЛ19100920
7ПРОЛЕТ1955915
8ПРИЛЕП19621114
9КУМАНОВО19501410
10БОРЕЦ Ф.Л.1923147
11СТРУГА1930166
12РАДОВИШ1912164