Судиската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе имаат уште еден голем предизвик во кариерата.
Тие ќе бидат дел од престижниот „Гјенсидиге Куп“ што ќе се игра од 9 до 12 мај во норвешкиот главен град Осло.
На овој турнир што е дел од подготовките за Олимписките игри ќе играат четири врвни репрезентации.
Покрај домаќинот Норвешка, на овој турнир ќе настапат и Хрватска, Данска и Аргентина – сите четири учесници на Олимписките игри во Париз.