(Не)пристојна понуда – ќе заработи 150.000 евра за шест одиграни меча!

Средниот бек на германскиот Минден, Мохамед Дармул би можел да го засили катарскиот Ал Араби.

Во овој трансфер нема ништо необично, но финансиската понуда што ја доби Тунижанецот за само шест натпревари не се добива секој ден.

Според пишувањата на „Билд“, од Катар му нудат на Дармул најмалку 100.000 евра за шест натпревари, сума која може да порасне до 150.000 евра со бонусите.

Дармул би требало да ги одигра двата турнири за Ал Араби – Емир Куп и Араб Куп. Тоа се вкупно шест натпревари, а потоа би се вратил на бундеслигашките обврски во Втората лига во Германија.

Тој од лето ќе биде дел од составот на Мелсунген, кој е предводен од екс вардаровиот стратег Роберто Гарсија Парондо.

Сопственик на катарскиот Ал Араби е катарскиот шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани, 43-годишник чие богатство се проценува на 1.76 милијарди евра, па јасно е дека 150.000 евра не му се никаков проблем.