Некогашен ас на Тутунски Комбинат ја презеде клупата на Прилеп

Суперлигашот Прилеп во остатокот од сезоната ќе биде предводен од еден од легендите на прилепскиот ракомет – Страшо Илиески, дознава 24Ракомет.

Управата на клубот одлучи да му се заблагодари на довчерашниот тренер Божидар Мојсов, кој на клупата на Прилеп седеше од минатата сезона.

Иако Прилеп имаше амбиции за пласман во плеј-оф фазата во минатата и тековната сезона, сепак, клубот не успеа да ја оствари зацртана цел.

Ракометарите на Прилеп во досегашниот тек од првенството забележаа седум победи, две ремија и 11 порази, сите порази им се од екипите кои се позиционирани од 1 до 6 место.

Прилеп токму на чело со Илиески овој викенд ќе му гостува на дебитантот Борец ФЛ, а во последното коло од регуларниот дел ќе го пречека Еурофарм Пелистер.

По регуларниот дел, прилепчани ќе се преселат во плеј-аут фазата и ќе се обидат повторно да го сочуваат суперлигашкиот статус.