Машката кадетска репрезентација на Македонија беше едно од најпријатните изненадување на Светското првенство за кадети во Хрватска.
Македонија на кадетскиот Мундијал покажа дека може рамо до рамо да се носи со репрезентациите кои се дел од европскиот крем, но и да ги победи.
Кадетите го освоија деветтото место на Светското првенство, малку фалеше наместо во Копривница да завршат во Вараждин и да играат четвртфинале.
Деветтата репрезентација во свет кон својот пласман триумфираше над Црна Гора, Грузија, Австрија, Унгарија и Чешка.
Голем успех за кадетите беше победата над Унгарија, која беше четвртата европска сила од последното Европско кадетско првенство.
Нашата репрезентација доживеа само два порази и двата беа од скандинавските селекции Норвешка и Данска.
Стручниот штаб на оваа генерација – селекторот Радослав Стојановиќ, заедно со Бранислав Ангеловски и Наум Танески, покажаа дека „толку ни е силата“ важи само за оние без визија и верба.