Младинскиот состав на Еурофарм Пелистер испиша златна страница во историјата на битолскиот клуб.
На првото издание на младинската Лига на шампионите, македонскиот состав предводен од Фарук Мемиќ и Кире Митревски обезбеди место на завршниот турнир во елитното натпреварување и се пласира во Келн.
Пелистерци најпрво на квалификацискиот турнир во Букурешт, најпрво го победија гигaнтот Келце од Полска со 37-29, а потоа во мечот за пласман во Келн беа подобри од Динамо Букурешт со 37-36.
Потоа на Ф4, македонскиот тим загуби во полуфиналето од данскиот ГОГ Гудме со 36-21, а потоа и во битката за бронза од големата Барса со 55-28.
Но и покрај поразите на Ф4, за битолчани и за Македонија ова беше одличен резултат во премиерното издание на младинската ЛШ.
Состав на Еурофарм Пелистер: Алем Хаџиќ, Карло Буторац, Леонид Лозановски, Андреј Георгиев, Лука Ѓоргиевски, Јован Марковски, Јован Симоновски, Тео Спировски, Стефан Ѓоргиевски, Иван Велески, Стефан Лазаревски, Стефан Трајчевски, Алдин Фехми, Арганхел Трсунов, Мелин Фехми, Атанасиј Трсунов,
тренери: Фарук Мемиќ/Кире Митревски


























