На песокот во Аланија – крунисани европските шампиони во ракомет на плажа

По шест натпреварувачки денови на плажите во турскиот летен центар Аланија, крунисани се новите европски шампиони.

Германија ја прослави првата европска титула во машка конкуренција по триумфот над Шпанија во „шут-аут“, односно во три сета.

Шпанија беше финалист и кај дамите, но таму се израдуваа на златото откако славеа против Норвешка во драматичен меч во три сета со „шут-аут“.

Дуелите за бронза исто така беа интересни и се играа во три сета, а медалите ги освоија Хрватска кај мажите и Германија кај дамите.

Eвропско првенство 2025 ракомет на плажа, резултати:

мажи
финале: Германија – Шпанија 2-1 (18-22, 23-19, 12-10)
за трето место: Хрватска – Унгарија 2-1 (26-16, 28-30, 9-8)

жени
финале: Норвешка – Шпанија 1-2 (24-20, 16-28, 6-9)
за трето место: Германија – Холандија 2-1 (23-18, 18-20, 10-8)