МВП НА 21. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – МАРТИН ДИМОВСКИ (ТИКВЕШ)

Десниот бек на Тиквеш, Мартин Димовски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 21. коло од Супер машката лига.

Димовски беше меѓу најдобрите поединци на домашниот натпревар против Куманово и меѓу најзаслужните за победата што донесе плеј-оф.

Тој освои дури 71% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Петар Маркоски, кој освои 15% од гласовите.

Номинирани за МВП на 21. коло од Супер машката лига беа уште и Жоао Педро Да Силва, Ален Ќосевски, Филип Кузмановски, Давид Брестовац и Улфар Пал Тордарсон.