Младите „лавици“ со цел плен од Гостивар

Тимот на Ѓорче Петров 2 славеше на гостувањето кај Јехона во Гостивар со 37-13 во натпреварот од 14 коло во Првата женска лига.

Сега младите „лавици“ имаат 18 бодови на второто место, односно шест помалку од лидерот Атлетик кој има 24 бодови.

Победникот беше решен уште по дваесетина минути кога гостинките водеа со 15-2 и во вториот дел немаше возбудувања на теренот.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Мирјана Наумоска со пет гола, а четири ракометарки постигнаа по четири гола.

Во составот на Јехона се истакна Алтина Хасани со пет погодоци.