Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП во Црна Гора.
Ривал на избраничките на Симе Симовски е селекцијата на Чешка, која веќе се пласираше во главната рунда откако ги доби дуелите со Полска и Унгарија.
Македонија без разлика на исходот од овој натпревар ќе игра за пласман од 12 до 24 во место, а таму во групата нема да пренесе бодови бидејќи загуби од Полска и Унгарија.
Натпреварот против Чешка се игра во салата „Морача“ со почеток во 14:30 часот, а судијки ќе бидат Французинките Матилде Курнил и Лориен Ламур.
Европско првенство, 3 коло, распоред на натпревари:
12:00 Финска – Србија
12:00 Литванија – Данска
12:00 Словенија – Франција
14:30 Чешка – Македонија
14:30 Фарски Острови – Германија
14:30 Турција – Хрватска
17:00 Црна Гора – Исланд
17:00 Норвешка – Португалија
17:00 Шведска – Швајцарија
19:30 Холандија – Австрија
19:30 Полска – Унгарија
19:30 Романија – Шпанија
Во градот Телави во Грузија, денеска стартува и ЕХФ шампионатот за младинки на кој ќе играат десет селекции паралелно со натпреварите на ЕП.
ЕХФ шампионат, 1 коло, распоред на натпревари:
08:30 Велика Британија – Украина
10:30 Белгија – Словачка
12:30 Израел – Луксембург
14:30 Италија – Грузија
16:30 Косово – Бугарија