Машката младинска репрезентација на Македонија триумфираше против Словенија со 30:25 (15:16) на првиот од двата предвидени пријателски натпревари.
Вториот пријателски натпревар меѓу младинците на Македонија и Словенија ќе се одигра во текот на утрешниот ден.
Избраниците на Раде Стојановиќ со денешната победа над Словенија покажаа дека се наоѓаат во одлична форма.
Овие контролни средби во Зрече се дел од подготовките пред настапот на Европското младинско првенство, кое ќе се одржи во Словенија.
Македонија на континенталниот младински собир за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Хрватска, Црна Гора и Австрија.
Европското младинско првенство е на програмата од 10 до 21 јули, а бранител на титулата ќе биде Шпанија.