Mладинската репрезентација на Македонија денеска го продолжува настапот на Мундијалот во Полска.
Следен ривал на момците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на Исланд, која ги задржа шансите за место во главната рунда.
Сепак „рибарите“ ќе мора да бараат триумф на Романија над Фарски Острови во првиот меч, а потоа и висока победа над Македонија.
За Македонија, пак, победа над Исланд ќе значи стартна предност пред битките против Мароко и Мексико за пласман од 17 до 32 место.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во „Арена Катовице“ со почеток од 14:00 часот.
СП младинци Полска, распоред, 3 коло:
група А
Словенија – Уругвај
Норвешка – Полска
група Б
Аргентина – Бразил
Австрија – Унгарија
група Ц
Јужна Кореја – САД
Шведска – Јапонија
група Д
Португалија – Хрватска
Алжир – Канада
група Е
Мароко – Мексико
Данска – Франција
група Ф
Романија – Фарски Острови
Македонија – Исланд
група Г
Србија – Швајцарија
Германија – Тунис
група Х
Шпанија – Египет
Бахреин – Саудиска Арабија