Mладинците и кадетите го завршуваат есенскиот дел од сезоната

Претстојниот викенд се игра последното 13. коло од есенскиот дел од младинската машка лига.

Тиквеш е домаќин на Пролет, додека Младост Богданци ќе игра против Вардар. Се одигра средбата меѓу Алкалоид и Бутел Скопје, каде победа забележаа бутелци со 29-28.

Лидерот Мулти Есенс ќе го нагости Охрид. Голден Арт патува на гостување кај Прилеп, додека Овче Поле ќе бара бодови против Еурофарм Пелистер 2.

Младинци, 13. коло:

25/12, 12:00, Тиквеш – Пролет
24/12, 14:30, Младост Богданци – Вардар
Алкалоид – Бутел Скопје 28-29
23/12, 12:30, Мулти Есенс – Охрид
24/12, 16:00, Овче Поле – Еурофарм Пелистер 2
23/12, 11:00, Прилеп – Голден Арт
Еурофарм Пелистер слоб.

Во машката кадетска лига, минатиот викенд заврши есенскиот дел во групите А и Б, додека во групата В, на програмата се дуелите од 9 коло.

Аеродром ќе го пречека тимот на Македонија Ѓорче Петров, Борец е домаќин на Куманово, Бисинов ќе игра против Астраион, додека Бутел Скопје ќе брка победа против Алкалоид.

Кадети, 9. коло:

Група В
23/12, 10:00, Аеродром – Македонија Ѓорче Петров
22/12, 17:30, Борец – Куманово
24/12, 12:00, Астраион – Бисинов
23/12, 20:30, Бутел Скопје – Алкалоид