Младеновска и Ристовска на чекор до ЛЕ, Гакидова и Дабевска во трета рунда од ЕХФ Купот

Изминатиот викенд се комплетираа натпреварите од второто квалификациско коло во женската Лига на Европа, како и од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Две македонски репрезентативки обезбедија пласман во третата рунда на ЛЕ, која е последен филтер пред пласманот во групите. Сара Ристовска со Рапид Букурешт ќе во наредното коло ќе се бори против германскиот Бенсхајм, додека Ива Младеновска и Безансон ќе се соочат со локалниот ривал Шамбре за место во групите.

Рапид со двојна убедлива победа беше подобар од австрискиот Хипо, кој некогаш жареше и палеше низ Европа, а сега не е ниту бледа сенка. Ристовска не беше во сосавот на реваншот во Букурешт.

Безансон на Младеновска исто така прослави две победи против чешкиот Мост, а на реваншот на гостински терен, македонската репрезентативка постигна три гола во противничката мрежа.

На Ристовска во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, ќе им се приклучи уште една македонска репрезентативка, Андреа Седлоска со хрватската Локомотива Загреб, која ќе игра против швајцарскиот Цирих.

Лига на Европа, второ квалификациско коло, резултати:

Шпоно Иглс – Црвена Звезда 23-37, 24-29
Молде – Скара 27-24, 26-27
Хипо – Рапид Букурешт 24-32, 19-30
Брул – Цирих 23-36, 30-25
Унирек – Валур 30-31, 26-30
Безансон – Бањик Мост 34-28, 30-29
Савехоф – Бенфика 29-28, 29-27
Јаликавак – Хорсенс 25-24, 23-40
Мошонмаѓаровар – Јонијас 31-17, 32-19

Во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп пред две недели се пласираа италијанскиот Ериче и австрискиот Ацгерсдорф по двојниот триумф над српскиот Железничар и израелскиот Холон, како и холандскиот Венло, односно полскиот Елблаг по елиминацијата на Трабзон на Моника Килдан Јанеска.

Сега им се приклучија уште 21 тим, а сите заедно ќе бидат од ждрепката во вторник, каде што се уште два македонски тима – шампионот Ѓорче Петров и вицепрвакот Металург Автокоманда.

Покрај тимот на Моника Килдан Јанеска, овој викенд се елиминирани косовската Самадреџа на Бојана Радевска, која на двомечот со грчкиот ПАОК даде три гола, како и Феризај на тренерот Зоран Петковски, кој два пати беше поразен од италијанскиот Салерно. Елиминација имаше и за босанската Крајина, каде што игра Ангела Костовиќ, иако славеше на реваншот со хрватскиот Сплит, а на овој дуел Македонката даде три гола.

Прогрес во третото направија полскиот Кобержице на Ивана Гакидова и Зорица Десподовска, кој беше подобар од турскиот Ускудар, како и српскиот Бор на Сања Дабевска, која стрелаше три пати во двете победи над израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган.

ЕХФ Европски Куп, второ коло, резултати:

Ериче – Железничар 46-25, 37-29
Каскада – Куманово 32-25, 31-32
Елблаг – Трабзон 39-32, 29-30
АЕК Атина – Селфос 32-26, 24-27
Кобержице – Ускудар 30-31, 34-31
Ацгерсдорф – Холон 39-20, 41-19
Бети Онак – Галичанка 26-25, 26-24
Криваја – Дусло Сала 27-36, 29-47
Литија – Бјала 28-27, 27-39
Вестфрисланд – Брага 28-26, 23-22
Ајдовшчина – Чаир 27-24, 33-27
Х71 – Венло 39-40 прод. (35-35, 37-37)
Елче – Дунајска Стреда 31-21, 24-30
Винтертур – Шќипоња 38-23, 48-29
Сплит – Крајина 37-29, 26-28
Дуделанж – Малага 14-42, 11-37
Педро Сул – Кур 26-26, 31-23
Металург Автокоманда – Диферданж 40-25, 31-24
Керженг – Артас 24-19, 26-30
Феризај – Салерно 20-39, 19-44
ПАОК – Самадреџа 38-28, 34-20
Макаби Аразим Рамат Ган – Бор 21-24, 26-32
Квинтус – Лација 41-12, 43-6
Азераил – Корнебург 26-40, 29-33
Панорама – Истогу 39-31, 28-28