Машката репрезентација на Македонија утре ќе го има првиот собир пред бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на СП 2025 година.
Селекторот Кире Лазаров на списокот има 20 ракометари, меѓу кои и тројца интернационалци, од кои двајца ќе доцнат три дена. Сите други ракометари од домашното првенство и Костески од Плзен би требало да бидат на првиот собир.
Станува збор за Филип Талески од Бенфика и Никола Митревски од Порто, кои ќе имаат меѓусебен двобој в сабота на 4 мај од португалскиот плеј-оф.
Тие двајца на 5 мај ќе тргнат кон Македонија, а со оглед на лошите конекции, би требало на располагање да му се стават на Лазаров дури в понеделник.
Македонија го игра првиот натпревар со Фарски Острови на 8 мај од 20:00 часот во Торшавн, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот.