Ракометарите на Македонија денес го одработија првиот тренинг во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин и имаа можност да се запознаат со условите на арената.
Избраниците на Кире Лазаров целосно се фокусирани за натпреварот против Германија, која во првото коло од Европското првенство беше убедлива над Швајцарија.
Средниот бек Марко Митев ги истакна своите очекувања за дуелот со домашната селекција.
,,Арената навистина е прекрасна, се очекува да биде исполнета за натпреварот. Целиот тим е подготвен за битката со домаќинот и се надеваме на позитивен резултат. Исто како и Франција, репрезентацијата на Германија е квалитетна, ќе се бориме, ќе го дадеме нашиот максимум и ќе оставиме срце на терен до последната секунда од дуелот”, изјави Митев.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра во недела (14 јануари) со почеток од 20:30 часот.