Тимот на Фуксе Берлин сега е лидер на табелата, откако славеше на гостувањето кај Магдебург со 33-30.
Гостинскиот тим водеше и на паузата со два гола, 17-15, а Магдебург се обидуваше да се врати во игра, во повеќе наврати имаше и минус еден, но сепак не комплетираше камбек.
Меѓу најдобрите во победничкиот состав, покрај Фрајхофер со осум гола, беа екс вардарците – Мијајло Марсениќ кој погоди пет пет пати и Дејан Милосављев, кој ги излуде домашните и запиша 16 одбрани.
Во составот на Магдебург, се истакна Феликс Клар со десет гола.
Фуксе Берлин сега е лидер на табелата со 37 бода, исто колку што има и второпласираниот Хановер, а Магдебург е шести со 29 бода, но и три меча помалку од конкурентите.