🎥 Миленковска: Има простор за напредок, желбата е да бидеме во ТОП 3!

Екипата на Вардар во 3. коло од плеј-оф фазата од Женската лига загуби на свој терен од актуелниот шампион Ѓорче Петров со 36:20.

Иако домаќинките пружија добар отпор, сепак, гостинската екипа успеа со убедлива победа да ги освои бодовите.

Во редовите на Вардар се истакна Леона Миленковска, која постигна речиси половина од погодоците на нејзината екипа, имаше вкупно девет реализации.

,,Ова ни е прв натпревар со Ѓорче Петров, се трудевме да го дадеме максимумот, има уште многу натпревари да одиграме, има простор за напредок. Во следно коло го очекуваме Астибо, треба да тренираме и да ги подобриме грешките. Мојата желба е да бидеме во ТОП 3 екипи на крајот од првенството, па ќе видиме како ќе биде”, изјави Миленковска.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)