Мелсунген се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа откако во реваншот од осминафиналето ја „збриша“ Фредериција со 35-26, надополнувајќи ја негативата од шест гола од првиот меч во Данска (35-29). Во Топ-8 фазата ќе игра и Нексе, откако во реваншот беа подобри од Кристијанштад, 32-27, и така по вторпат триумфираше во осминафиналето (36-34 на првиот меч).
Мелсунген во четвртфиналето ќе игра против Порто, а Нексе се среќава со Кил.
Небојша Симиќ со 14 одбрани и Мохамед Амине Дармул со 9 гола го предводеа Мелсунген во пласман во четвртфиналето. Даинис Криштопанс постигна 6 гола. Уште на полувреме Германците имаа предност од „плус 5“ со која најавија дека се блиску до разлика што им е потребна. Во 55. минута домашните водеа со „плус 10“ за 32-22 кога се чинеше дека се е веќе решено.
Хрватски Нексе го имаа расположениот голман Марсел Јастржебски кој нанижа 16 успешни одбрани. Гостите од Шведска на полувреме имаа предност од 15-14, но штом започна вториот дел, домашните за три минути направија пресврт и поведоа со 18-15. Во 48 минута имаа предност од 27-21.


























