Германскиот Мелсунген е следен ривал на Вардар во главната рунда од Лигата на Европа, а прв гостин во Скопје во оваа фаза.
Стратегот Роберто Парондо, кој работеше своевремено во Вардар, за пресметката во Скопје и по поразот од Хамбург, ќе им даде слободно на дел од главните играчи.
Плус и вирус „циркулира“ во тимот, па од Хамбург дома се вратија Даинис Кристопанс, Давид Мандиќ, Влад Кулеш, Оле Шеферт, Арнар Арнарсон, Николај Ендерлејт, Тимо Кастенинг, Адријан СипоС, Небојша Симиќ и Криштоф Паласич и тие нема да играат против Вардар.
Парондо ќе им даде шанса на ракометарите од младинскиот состав – левото крило Лино Дукетис, левиот бек Макс Преглер, десните бекови Јонас Рике и Леандер Алтена, десното крило Леон Штехл, голманот Павел Кравчик…
Натпреварот меѓу Вардар и Мелсунген се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.
























