Данскиот ас Матијас Гидсел ја потврди својата статус на најдобар десен бек на планетата, и не само бек, туку и можеби најдобриот воопшто.
Гидсел стана најдобар стрелец во Лигата на шампионите, со 135 гола, а на листата го мина Марио Шоштариќ, кој имаше 129 гола, уште во првиот дел на мечот со Магдебург.
Десниот бек стана најдобар стрелец на СП 2023 и СП 2025, на ОИ 2024 и ЕП 2024, а на сите овие признанија го додаде и ова од Лигата на шампионите.
Во Бундес лигата оваа сезона, каде шампион стана неговиот Фуксе Берлин, беше избран за МВП.