По одличната партија во Бундес лигата против поранешниот шампион Магдебург, македонскиот интернационалец Мартин Томовски се најде во тимот на колото.
Томовски блесна против Магдебург, иако неговиот Потсдам загуби со 25-15, сепак чуварот на мрежата беше главен на теренот со 18 одбрани!
Сосема заслужено се најде за првпат во тимот на колото во најквалитетна ракометна лига во светот.
Откако беше изоставен од списокот за СП 2025, Томовски не се најде на списокот на селекторот Лазаров ниту за двомечот од квалификациите за ЕП 2026 против Словенија.
Покрај Томовски во тимот на колото во Бундес лигата се најдоа и левото крило Кодрин од Гумсербах, десниот бек Матијас Гидсел од Фуксе Берлин, пивотот Лукас Јоргенсен од Фленсбург…
🎥Томовски со одбрана на сезоната – свртен со грб запре зицер