Репрезентацијата на Хрватска во финалето на Светското првенство 2025 загуби од Данска со 32:26.
Иако Хрватите посакуваа злато, сепак, можат да бидат задоволни со среброто, а еден од најзаслужните за освоеното второ место беше Матео Мараш.
За екс ракометарот на Еурофарм Пелистер ова беше прв медал на големите натпреварувања.
,,Прв освоен медал, се надевам ќе ги има уште многу. Имавме тежок пат до овој медал, со многу проблеми, па среброто е уште послатко. Данците беа подобри и треба да им се честита, но во одредени моменти судиите беа на нивна страна. Некои играчи се збогуваа од репрезентацијата, но се надевам дека ние помладите ќе продолжиме по нивните стапки. Многу крв е пролеана за овој дрес и ние помладите мораме да го продолжиме тоа. Сум плачел порано, не можам пак, ќе ме исмеваат…Прекрасно беше чувството и направивме многу за нашата земја”, изјави Мараш.
Младиот Хрват по заминувањето од битолскиот клуб направи трансфер во Татабања, а од следната сезона ќе настапува за гигантот ПСЖ.