Голманот на Загреб и репрезентацијата на Хрватска, Матеј Мандиќ, кој физички беше нападнат од неговиот соиграч Милош Кос по натпреварот со Нант, по направената операција, е пуштен дома, пренесува „24 Сата“.
Како што е познато, српскиот репрезентативец на Мандиќ му нанесе повреди на лицето. На голманот му беше скршена јаболчната коска на лицето, па поради тоа беше неопходно да се направи операција.
Откако двајцата ракометари најпрво имаа вербална расправија на натпреварот против Нант, по завршувањето на натпреварот, кој го изгуби Загреб, во соблекувалната на домаќините ескалираше ситуацијата, прво во конфликт влегоа Кос и Срна, потоа Мандиќ и 22-годишниот ракометар од Приједор.
Загреб следниот дел излезе со соопштение дека Милош Кос и Звонимир Срна, ракометар кој исто така бил нападнат од Кос, се суспендирани на неодредено време. Според „24 Сата“, полицијата се уште го истражува случајот, а многу веројатно е дека ќе има судски процес.
Мандиќ поради повредата нема да биде во комбинација за настап на Светското првенство во јануари.
Тепачка во соблекувалната на Загреб – суспензија за двајца ракометари!
Кос не гледал кај мава – поради повредите Мандиќ може да го пропушти СП!