Македонскиот вицепрвак поразен во европското деби

Македонскиот вицепрвак во дебитанската сезона во Лигата на Европа стартуваше со пораз, откако пред домашната публика беше поразен од српскиот шампион Војводина со 31:26.

Гостите од Нови Сад во текот на сите 60 минути беа во водство, на полувреме заминаа со 15:13, во вториот дел до 40 минута ја одржуваа стекнатата предност од првото полувреме и во последниот период осетно ја зголемија разликата и дојдоа до победа изразена од пет гола разлика.

Најефикасен во победничката екипа беше Вукашин Воркапиќ со осум погодоци. Кај Алкалоид се истакна Иван Џонов, кој исто така имаше осум реализации.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески заедно со екипата на Бенфика, која во сезона 2021/22 ја освои титулата во второто по ранг европско натпреварување, загуби на гостувањето во Франција од Нант со 37:28.

Левиот бек на македонската репрезентација во добиената минутажа успеа да постигне два гола во мрежата на домаќините.

Ловќен на Бојан Маџовски беше убедливо поразен од Елверум со 37:25, a екс ракометарот на Еурофарм Пелистер постигна два погодоци.

Натпреварите од второто коло ќе се одиграат следната недела, односно на 24 октомври.

Лига на Европа, 1. коло, резултати

Група А
Кристијанштад – Рајн Некар 20-26
Нант – Бенфика 37-28

Група Б
Горњик Забже – АЕК Атина 30-21
Криенс Луцерн – Хановер 23-31

Група Ц
Горење Велење – Винтертур 34-26
Куенка – Савехоф 22-30

Група Д
Повашка Бистрица – Брага 26-34
Нексе  – Скјерн 39-25

Група Е
Елверум – Ловќен 37-25
Фленсбург – Кадетен 46-32

Група Ф
Силкеборг – Ла Риоха 34-25
Алкалоид – Војводина 26-31

Група Г
Фуксе Берлин – Шамбери 24-22
Динамо – Извиѓач 52-24

Група Х 
Татабања – Констанца 24-29
Спортинг – Хобри Глогов 37-20

 

 

Ловќен на Маџовски со пораз стартуваше во ЛЕ – АЕК шокиран од Забже