Македонките „газат“ во Турција

Тимот на Коњалти Анталија, каде што настапуваат двете македонски репрезентативки Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова, забележа нов триумф.

Во 16 коло од турскиот шампионат, Коњалти без особени проблеми триумфираше на гостински терен кај Ускудар со 35-30.

Капитенот на Македонија, Ѓорѓиевска, беше стрелец на еден погодок, додека кружниот напаѓач Гакидова даде два гола.

Коњалти Анталија сега има 16 победи на 16 натпревари и се наоѓа на првото место пред шампионот Кастамону, а во следното коло игра дома со Бурса.