Македонија во третиот шешир пред ждрепката за СП!

Машката репрезентација на Македонија се пласираше на Мундијалот во 2025 година што ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Нашите ракометари славеа против Фарски Острови со 34-26 и ја надминаа негативата од првиот дуел во Торшавн.

Иако се уште не е официјално, но Македонија најверојатно ќе биде дел од третиот шешир пред ждрепката.

Ждрепката ќе се одржи во Загреб на 29 мај во 17:30 часот, а организаторите допрва треба да ги потврдат и селекциите што ќе бидат „домаќини“ во групите.

Мундијалот ќе се игра во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 до 2 февруари.

Ждрепка за СП 2025, шешири:

шешир 1: Данска, Франција, Шведска, Германија, Египет, Унгарија, Словенија, Португалија
шешир 2: Норвешка, Хрватска, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Италија, Чешка, 
шешир 3: Македонија, Катар, Бразил, Аргентина, Јапонија, Алжир, Куба, Полска
шешир 4: Бахреин, Тунис, Чиле, Кувајт, Зеленортски Острови, Гвинеја, САД, вајлд-карта