Женската репрезентација на Македонија на 18 април ќе ги дознае ривалите на Европското првенство што ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Нашите ракометарки би требало да бидат дел од третиот шешир, но рангирањето наскоро треба да биде потврдено од европската куќа на ракометот.
Според ранкингот на репрезентациите од претходното ЕП и од актуелните квалификации со Македонија во третиот шешир би требало да бидат и селекциите на Словенија, Хрватска, Србија, Полска и Исланд.
Според пропозициите, домаќините на ЕП добивааат место според нивниот рејтинг, но мора да бидат веднаш по првопласираните селекции од квалификациите за континенталниот собир.
Тоа значи дека во првиот шешир ќе бидат Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска и Холандија, додека во вториот шешир ќе бидат преостанатите три првопласирани од квалификациите – Романија, Германија и Шпанија, како и трите домаќини – Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Во последниот шешир ќе бидат четири селекции што како третопласирани од квалификациите за ЕП се пласираа на континенталниот собир, како и Украина и Чешка, кои беа втори во своите групи, но не играа на претходното ЕП.
Покрај трите домаќини, ЕХФ распореди уште три селекции по групи, па така Црна Гора ќе игра во групата Б во Дебрецин, а во истиот град во групата А ќе игра Унгарија. Во Базел во групата Ц ќе игра Франција, додека во групата Д е домаќинот Швајцарија. Во Инсбрук во групата Д, распореден е домаќинот Австрија, додека во групата Ф ќе игра Германија.
Ждрепка за ЕП, шешири:
шешир 1: Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска, Холандија
шешир 2: Романија, Германија, Шпанија, Унгарија, Австрија, Швајцарија
шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Полска, Исланд
шешир 4: Украина, Чешка, Турција, Португалија, Фарски Острови, Словачка