Женската пионерска репрезентација на Македонија загуби и на третиот натпревар на турнирот „Трофеј Србија“ во Лозница.
Селекцијата на Црна Гора беше подобра од нашите ракометарки со 29-22, oткако и на полувремето водеше со 19-10.
Македонските пионерки беа во игра петнаесетина минути кога беше 7-6, а потоа по серија грешки ривалот отиде на 12-6 и умешно ја одржуваше разликата.
Најдобри стрелци во македонската селекција беа Деана Величковска со пет, како и Ана Стојанова и Ивана Глогуновска со по три гола.
Претходно Македонија беше поразена од Австрија и Србија.























