Женската репрезентација на Македонија вечерва во рамки од 2. коло на Европското првенство 2024 одигра нерешено против Турција, 25:25.
За Македонија ова беше прв освоен бод на Европските првенства после 16 години. На континенталните собири во 2012 и 2022 нашата репрезентација беше елиминирана уште во групната фаза.
Тогаш Македонија го завршуваше настапот со три порази во групата, а со денешниот бод го прекина долгиот пост и се израдува на реми.
Најефикасна на денешниот натпревар беше Сара Ристовска со осум гола, по четири имаа Ивана Џатевска и Јована Кипријановска.
Македонија во последното 3. коло од групната фаза ќе игра против Унгарија, која денес славеше против Шведска.