Женската репрезентација на Македонија ќе биде значително ослабена на претстојниот пријателски двомеч со селекцијата на Србија.
Откако од комбинација отпаднаа Ивана Џатевска и Габриела Величковска, селекторот Кристијан Грчевски поради повреди нема да смета ниту на Сара Ристовска и Јована Кипријановска.
Претходно тој ги повика дополнително Теодора Гулицоска и Александра Коловска, но ниту тие нема да играат против Србија.
Дополнителен повик доби кружниот напаѓач на Металург Автокоманда, Анастасија Трпеска, која игра во одлична форма во клубот, па ќе формира трио со Гакидова и Дамјаноска.
Тоа значи дека за Бор, градот каде што ќе се игра двомечот, ќе патуваат 17 ракометарки за контролите на 7 и 8 март.
Состав на Македонија:
Петковска, Мицевска, Чурлиновска, Гакидова, Трпеска, Дамјаноска, Кузманоски, Граматова, Ризоска, Седлоска, Јанкуловска, Маџовска, Младеновска, Коларовска, Коцева, Јанеска, Арсениевска.