Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, прослави победа во Асобал лигата.
Ваљадолид го победи составот на Чисне на домашен терен со 35-31 во натпреевар од 12 коло во Шпанија, најмногу по заслуга на Македонците.
Димитриоски беше прв стрелец на натпреварот и го заврши со седум гола од осум обиди, додека Димитриевски имаше шест од шест.
Серијата без пораз продолжи и на четвртиот натпревар по ред, а за Ваљадолид ова беше четврта сезонска победа, што е доволна за деветтото место на табелата.