Екипите на Магдебург, Фуксе Берлин, Бергишер и Лемго ќе играат на завршниот турнир во Купот на Германија.
Фуксе Берлин на домашен терен го победи Кил со 32-30, а Матијас Гидсел даде десет погодоци, додека Лукас Цербе имаше девет за „зебрите“.
Магдебург беше подобар од Фленсбург со убедливи 35-29, а предводник на победникот беше Омар Инги Магнусон со 11 гола.
Мелсунген изненадувачки на гости загуби кај Бергишер со 30-23, а од вчера место на Ф4 во Купот обезбеди и Лемго со триумфот кај Лајпциг со 35-27.


























