Селекцијата на Данска ги започна подготовките за Олимписките игри, но без легендарното десно крило Ханс Линдберг.
Тој не се појави на првиот собир, а селекторот Николај Јакобсен за данските медиуми не сакаше многу да ја коментира ситуацијата со Линдберг.
„Не можам да кажам многу за неговото отсуство, мислам дека се работи за лични причини. Но сега треба да видиме како ќе се развива со Ханс, па потоа ќе донесеме одлука“, изјави Јакобсен за ТВ2.
Иако десното крило го критикуваше Јакобсен за тоа што добива мала минутажа, тоа не го поколеба селекторот одново да го повика и со настап на ОИ да се прости од националниот тим.
Линдберг имаше одлична сезона во Фуксе Берлин, а ова лето се враќа во татковината и ќе го носи дресот на амбициозниот ХОЈ.
Јакобсен го форсираше Никлас Киркелоке на местото на Линдберг, а дали ќе повика нов играч останува да видиме. Данска е во група со Норвешка, Унгарија, Франција, Египет и Аргентина.